Црвена звезда ќе остане без многу планирани милиони ако игра во Лига Европа

Целта на Црвена звезда беше да се пласира во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, но доживеаа студен туш во Белград откако загубија од Пафос со 2-1.

Кипарскиот тим се покажа како многу квалитетен, па црвено-белите ќе имаат тешка мисија да победат на гостински терен и да обезбедат Лига на шампиони.

Со елиминација од плејофот во ЛШ, Црвена звезда ќе продолжи во лигашкиот дел од Лига Европа, но сумата која ќе ја заработи е двојно помала.

Грубата проекција велеше дека ако Црвена звезда се пласира во Лигата на шампионите, ќе заработи најмалку 30 милиони евра.

А математиката за Лига Европа е двојно помала, ќе треба да се задоволат со околу 15 милиони евра. Што исто така не е мала сума, но не е она што го планираа.

„Разликата е двојна, но добри се приходите и во Лига Европа, околу 15 милиони за нас. Без оглед што Лига Европа можеби е реалноста за Звезда, фокусот и приоритет ни е пласман во Лигата на шампионите“, рече генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ.