Чудна ситуација: Модриќ може да биде среќен што Барселона го победи Реал

На својот 34 роденден, Дани Карвахал имаше прилика да се изедначи по бројот на трофеи со Лука Модриќ кој има најмногу во историјата на Реал Мадрид, но тоа не се случи.

Вчера Барселона во финалето од Суперкупот го победи најголемиот ривал, па така Карвахал остана на бројката од 27 освоени трофеи со „кралевите“.

Модриќ кој денес го носи дресот на Милан низ годините во Мадрид се израдува на 28 од кои: пет во Суперкупот на Шпанија, пет во УЕФА Суперкупот, пет на Светските клупски првенства, четири во  Ла Лига, два во Копа Дел Реј и еден Интернационален куп со кои остана врвот како најтрофеен во историјата на еден од најголемите клубови во светот.