Човек со големо срце: Роналдо посети болница за деца со посебни потреби (ВИДЕО)

Постојано е на „удар“ кај навивачите поради различни причини, а една од нив е неговото однесување на теренот, сепак кога не игра фудбал, Кристијано Роналдо е сосема поинаков човек.

Дека е човек со големо срце покажа и во претходните денови. И покрај тоа што тренира со репрезентацијата на Португалија пред Светското првенство во Русија, Роналдо најде време и ги посети децата на кои им треба најмногу внимание.

Португалецот посети болница во која се лечат деца со посебни потреби, а неговото доаѓање ги израдува дечињата.