Челси, Ливерпул и Манчестер сити со нов рекорд во Премиерлигата

Вечерва се затвора деветтото коло во англиската Премиерлига со дуелот помеѓу Арсенал и Лестер сити, а досега видовме прекрасен фудбал во Англија и многу возбудувања.

Манчестер сити и Ливерпул го делат првото место по девет одиграни кола со 23 бодови, додека Челси е веднаш зад нив со 21 бод и го следи нивниот чекор.

Тоа значи дека и по овие девет одиграни кола тие не знаат за пораз во домашното првенство. Оваа ситуација се случила уште двапати во минатото, односно во сезоните 1978/78 и 1990/91, а интересно е тоа што еден од тимовите кои бил во таа тројка, на крајот на сезоната ја освојувал титулата.

Во наредното коло најтежок дуел има Манчестер сити, кој ќе гостува кај Тотнем, додека Челси гостува кај Барнли, а Ливерпул го пречекува Кардиф.