Челси купува напаѓач-тинејџер од Барселона

Англискиот премиерлигаш Челси е на добар пат да го добие младиот напаѓач на Барселона, Марк Гују.

Откупната клаузула на 18-годишниот фудбалер изнесува 6 милиони евра што не е никаков проблем за „сините“ кои можат веднаш да ја платат оваа сума. Во моментов течат преговорите со Гују кој исто така е расположен да ја смени средината и да замине во Англија. И Барселона излегла со понуда за нов договор, но напаѓачот се уште не одговорил.

Гују е дел од Ла Масија од 2021 година, а минатата сезона дебитираше за првиот тим против Атлетик Билбао и го постигна победничкиот гол. Барса имаше големи планови со него, но по се изгледа ќе мора да се соочи со неговото заминување.