Челси и Ливерпул во жестока борба за шпанско „чудо од дете“

Англиските гиганти Челси и Ливерпул водат жестока битка за еден од најталентираните дефанзивци, Хакобо Рамон кој е млад шпански репрезентативец.

Рамон го носи дресот на шпанската репрезентација до 21 година и настапува за италијански Комо, а со одличните настапи привлече голем интерес од Премиер лигата.

Комо е свесен за интересот од англиските гиганти, па е отворен за преговори и продажба на Рамон, но само ако пристигне примамлива понуда.

Фото: EPA