
Чаби Алонсо ја имал првата „кавга“ со раководството на Реал Мадрид!
Алонсо во првиот меч на клупата на Реал Мадрид одигра само реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство, а таквиот резултат ги донесе и првите бранови.
„Марка“ пишува дека Чаби Алонсо имал состанок со Реал Мадрид и побарал засилување во средниот ред.
Клубот му рекол дека не може да го добие тоа што го сака бидејќи тие сметаат дека има доволно играчи од средината на теренот.