Бунт во Минхен: Ѕвезда на Баерн му се „истурила“ на Ковач!?
По три натпревари без победа, играчите почнале да сомневаат во квалитетите на Ковач, кој во првите седум натпревари запиша исто толку победи.
Германците откриваат дека Хамес Родригез збеснал во соблекувалната по последниот натпревар.
„Ова не ти е Франкфурт!“, почнал да вика Колумбиецот, кој минатата сезона беше еден од најважните играчи на Баерн.
„Билд“ пишува дека Хамес не е единствениот кој не е задоволен со Ковач. Наводно, гемранските играчи се незадоволни зашто не сакаат да слушаат како браќата Ковач разговараат на хрватски јазик.
Претходно, „Билд“ соопшти дека бунт против Ковач почнале Родригез, Хумелс и Мартинез, а наводно незадоволни се уште и Вагнер, Горецка и Гнабри.