Болоња си зема сувенир од „Меаца“ по триумфот против Интер (ФОТО)

Интер и Болоња одиграа фантастично интересен натпревар на „Џузепе Меаца“, кој го добија гостите со 1-2.

Момците на Синиша Михајловиќ одиграа неверојатно второ полувреме, а по натпреварот си земаа сувенир од „Меаца“. Во соблекувалната се пофалија со таблата на судијата на кој беше испишан конечниот резултат 1-2.