Бивш фудбалер на Барселона заврши во болница - куче го каснало за гениталиите!

Необичен инцидент се случил во близина на Солун, а жртва бил поранешниот фудбалер на Барселона, Карлес Перез кој бил итно пренесен во болница.

Перез за време на прошетка на неговото милениче бил нападнат од друго куче, кое го каснало за гениталиите и му создало голема рана.

Фудбалерот завршил во болница каде што се наоѓа веќе два дена, а докторите будно ја следат неговата состојба и ја разгледуваат опцијата за операција.

Перез беше во Барселона од 2012 до 2020 година, додека за првиот состав одигра 13 натпревари.

Фото: EPA PHOTO