
Белингам опериран, на терените се враќа за три месеци
Хируршкиот зафат беше одамна закажан, а се чекаше крајот на Светското клупско првенство што се одржа во САД. Повредата на рамото ја влече уште од деновите во Борусија Дортмунд, а ја влоши во 2023 година кога имаше тежок пад на натпревар против Рајо Ваљекано.
По ваквиот развој на настаните, се очекува Белингам да паузира околу три месеци, но од Реал Мадрид најавуваат дека нема да брзаат со него и дека ќе го вклучат во тимот кога ќе биде 100% подготвен. Ако нема дополнителни проблеми, Англичанецот ќе биде во тимот за првото Ел Класико кое се игра пред крајот на октомври на „Бернабе“.