Барселона го испрати Иниеста со победа: Магија на Кутињо (ВИДЕО)

Барселона славеше со минимални 1-0 против Реал Сосиедад во рамки на последното коло во Ла Лига сезонава. 

Емоциите беа во прв план на „Камп Ноу“, бидејќи ова беше последен натпревар за Андрес Иниеста во каталонскиот дрес. Тој не се запиша во листата на стрелците, но неговата „замена“ Филипе Кутињо, покажа пред домашните фанови што да очекуваат од него следната сезона.

На Бразилецот му требаше малку време да се привикне во новата средина, но сезоната ќе ја заврши со осум постигнати голови. Кутињо погоди велемајсторски во 57-та минута.  

Андрес Иниеста излезе од игра во 82-та минута, за да ги добие последните стоечки овации од навивачите на Барселона на „Камп Ноу“.