
Баерн нема да го откупи Жоао Кансело, на лето ќе го врати во Манчестер сити?
Кансело дојде на крајот од преодниот рок, незадоволен од односот со Пеп Гвардиола, како еден од петмината кои се во лоши односи со менаџерот, па брзо Сити се откажа од Португалецот и се договори со Баварците за шестмесечен заем со право на откуп над 30 милиони евра.
Но, Кансело не ги задоволи премногу Баварците, а дисциплинираните Германци посебно во финансискиот дел, начелно донеле одлука дека нема потреба да плаќаат толку пари за фудбалер кој не се изборил за стартер, па затоа и ќе го вратат на Островот по завршување на сезоната.
Засега официјална потврда на тоа нема, но според најавите мали се шансите за пресврт и репрезентативниот бек на Португалија да остане на „Алијанц Арена“.