Бабунски повторно стрелаше за Грасхоперс

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски постигна гол за Грасхоперс во ремито против Лозана (1-1) во 26. коло од швајцарското првенство.

Бабунски се запиша во листата со стрелци во 10. минута, по што Лозана израмни преку Ајдини во 34. минута.

Грасхоперс се наоѓа на 10. позиција во лигата со 29 бодови, а Бабунски досега постигна четири гола оваа сезона.