Атлетико ја гази Барса: „Каталонците“ не губеле 0-4 на полувреме - 77 години

Неверојатен натпревар се игра вечерва на стадионот Метрополитано во Мадрид и по првите 45 минути Атлетико е многу блиску до пласман во финалето од Копа дел Реј.

Четата на Диего Симеоне води со огромни 4-0 во меч во кој апсолутно доминира и на најдобар начин го искористи подарокот од голманот Жоан Гарсија во шестата минута. По него, мрежата на Барса ја тресеа тројцата напаѓачи на Атлетико: Гризман, Лукман и Алварез.

Вакво лошо прво полувреме не се памти во поновата историја на Барселона. Последен пат „каталонците“ губеле со 0-4 на полувреме во далечната 1949 години и тоа исто така од Атлетико. Тој натпревар завршил со победа на мадридскиот тим со 4-1, резултат кој на Барса во овој случај многу би ѝ одговарал.