Катастрофа на Барса: Атлетико со една нога во финалето (ВИДЕО)

Екипата на Атлетико Мадрид се наоѓа на чекор од пласман во финалето на Копа дел Реј откако вечерва на домашен терен ја прегази Барселона со 4-0.

„Каталонците“ доживеаја еден од најтешките порази последните години, а сето тоа како последица на очајното прво полувреме во кое беа постигнати сите четири гола. Се тргна од киксот на голманот Жоан Гарсија поради кој Ерик Гарсија си постигна гол и ја уништи самодовербата на своите соиграчи.

До крајот на првото полувреме, погодија сите играчи од нападот на Атлетико: прво Гризман, па Лукман и на крајот Алварез.

Во вториот дел Барселона почна да игра како што знае, брзо дојде гол од Кубарси, но по седумминутно прегледување во ВАР, истиот беше поништен што беше уште еден елемент контра каталонскиот тим. На крајот, Ерик Гарсија доби и црвен картон со што беше ставен крај на сите надежи на Барселона дека може да дојде барем дон почесен гол. Проблемите за гостинскиот тим, инаку, почнаа пред мечот откако стана јасно дека поради повреди не можат да играт Рафиња и Рашфорд.

Реваншот на Камп Ноу е на програмата на 3 март, а Барселона ќе има исклучително тешка задача да дојде до нов подвиг.