Драма во Мадрид: Судиите седум минути гледаа ВАР за да - поништат гол на Барса (ФОТО)
Барса почна силно и за кратко време ја затресе мрежата на домашните, преку Кубарси кој најдобро се снајде во една мешаница. Сепак, голот на стоперот беше поништен откако судиите дури седум минути ја разгледуваа спорната ситуација и утврдија дека Кубарси се наоѓал во офсајд.
Впечаток е дека Барселона е оштетена бидејќи од фотографиите може да се забележи дека ногата на Кубарси е зад онаа на Левандовски во моментот на контакт, но судиите веројатно имаат добри аргументи за својата одлука. Минатиот месец на Барселона ѝ беа поништени три гола против Сосиедад по што судискиот одбор излезе со извинување дека две од трите одлуки биле неисправни.