Ждрепка за ЛН: Македонија доби супер група за надигрување!

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците за новото издание од Лигата на нации каде за првпат ќе играме во сегментот Б, се паднавме во групата Б1 заедно со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.

По успешниот настап минатата сезона, Македонија отиде ранг погоре и ќе настапува на второто ниво од Лигаа на нации. На денешната ждрепка бевме влечени од последниот шешир. Не можевме да добиеме лесни противници, но добивме селекции со кои сме покажале дека можеме да се носиме.

Лига Б

Б1: Шкотска, Швајцарија, Словенија, Македонија
Б2: Унгарија, Украина, Грузија, Северна Ирска
Б3: Израел, Австрија, Р. Ирска, Косово
Б4: Полска, БиХ, Романија, Шведска

Новото издание на Лигата на нации ќе почне на 24 септември и ќе се игра до 17 ноември оваа година кога се последните натпревари од групната фаза. Четврфиналето и плејофот се на програмата од 25 до 30 март 2027 година, завршниот турнир во А-лигата е од 9 до 13 јуни 2027, а баражот за Европското првенство од 23 до 28 март 2028 година.