Драма на ЗОИ: Освои бронзен медал, па падна на снегот и се бореше за воздух (ВИДЕО)

Уште една морничава сцена беше забележана на Зимските олимписки игри (ЗОИ), а во главна улога беше Џоеси Догинс, која освои бронзен медал на трката на 10.000 метри во крос кантри.

Американката имаше здравствен проблем откако заврши на третата позиција со време од 23.38, зад шампионката Фрида Карлсон и нејзината сонародничка од Шведска, Андерсон.

По големиот напор, Догинс падна на снегот и почна да се бори за воздух, но засега не е потврдено за каков проблем станува збор.