Вардар се договори со Војводина - веднаш добива десно крило!

Поранешниот македонски шампион Вардар добива големо засилување во завршницата од сезоната, откако се договори веднаш да пристигне Вукашин Воркапиќ од Војводина, објави „Моцарт Спорт“.

Српскиот репрезентативец имаше договор со Вардар и требаше да го засили во јуни 2026 година, но во меѓувреме трансферот се забрза, па Воркапиќ од понеделник ќе биде нов член на „црвено-црните“.

Воркапиќ треба да биде големо засилување за Вардар во борбата за титулата во Суперлигата, но и во Европскиот куп.

Фото: Facebook/RK Vojvodina