Влатко Стојановски има нов странски предизвик

Поранешниот напаѓач на македонската репрезентација, Влатко Стојановски како слободен агент се сели во Узбекистан.

Македонскиот напаѓач потпиша договор со Машал, во клубот од Мубарак ќе игра до крајот на сезоната.

Узбекистанскиот клуб изрази надеж дека Влатко Стојановски е фудбалер кој ќе им донесе квалитет повеќе во офанзивата.

Стојановски во првата полусезона немаше клуб откако замина од Беса, пртходно тој играше за Работнички, Септември Софија, Шкендија, Горица, Ним, Шамбле, Ренова, Дугопоље, Сплит, Неретванац и Металург.