Македонија ја чека пеколно темпо: Четири меча за десетина дена!
Се падневме во групата Б1 заедно со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. Утре треба да биде определен и распоредот на натпревари, а засега се познати термините кои оваа сезона се многу густи.
Во групната фаза има шест кола кои ќе се играат во два прозорци, а во првиот ќе има дури четири кола, ова ќе се случи првпат откако е формирана Лигата на нации.
Првото коло ќе се игра од 24 до 26 септември, а четвртото од 4 до 6 октомври оваа година, што значи дека фудбалерите за десетина дена ќе треба да одиграат четири меча.
Во ноември се играат петтото (12-14 ноември) и шестото коло (15-17 ноември), по што ќе заврши групната фаза во Лигата на нации.
Четвртфиналните натпревари како и плејоф дуелите ќе се играат од 25 до 30 март 2027. Завршниот турнир на кој селекциите од А сегментот ќе се борат за трофејот ќе се одржи од 9 до 13 јуни 2027 година.