Епски кикс на Жоан Гарсија, Атлетико доби невиден подарок од Барселона (ВИДЕО)

По само шест минути игра, Атлетико Мадрид поведе против Барселона во првиот полуфинален дуел од Копа дел Реј што се игра на Метрополитано.

Тимот од престолнината доби неверојатен подарок од гостите, поточно од Жоан Гарсија кој направи кикс за кој уште долго ќе се зборува и кој веројатно ќе го прогонува во натамошниот дел од кариерата, особено ако Барселона биде елиминирана во оваа фаза. При обид да тргнат во напад, Ерик Гарсија го проигра голманот со исто презиме, овој не ја процени добро топката и таа му помина под ногата за потоа да ја помине гол-линијата, пред Жоан Гарсија да реагира.

Интересно е тоа што чуварот на мрежата на Барселона неколку минути претходно имаше фантастична интервенција, во стилот на Емилијано Мартинез во финалето од Светското првенство.