Место против Шкендија, Стерлинг ќе игра за Ван перси

Заборавениот англиски репрезентативец Рахим Стерлинг ќе се обиде да ја оживее својата кариера во Феенорд, потврди холандскиот гигант.

Потпишан е договор до крајот на сезоната, поднесено е барање за работна дозвола, а Стерлинг утре наутро ќе отпатува во Ротердам на официјална презентација. Зимава се спомнуваа повеќе клубови како можни следи дестинации за напаѓачот, од Наполи преку англиски клубови од втората лига, па сè до егзотични дестинации како Азербејџан и ОАЕ, но на крајот тој го избра Феенорд. Дури постоеше можност да заигра против Шкендија во Конференциската лига бидејќи меѓу заинтересираните беше и Самсунспор, но до договор не дојде.

Јасно е дека Холанѓаните не можат да му платат ниту третина од она што го заработувал Стерлинг во Челси, но сега фудбалот треба да му биде пред парите во животот бидејќи сè уште има време да ја врати кариерата на вистинскиот пат.