Залуден дабл-дабл на Димитријевиќ: Баерн по продолжение поразен во Тел Авив

Баерн Минхен ја прекина серијата од четири победи во Евролигата откако вечерва загуби на гости кај Макаби со 106-111 по продолжение.

Германскиот тим направи пресврт во финишот и од негатива од три разлика дојде до предност од 99-98, но Ошеј на две секунди пред крајот го израмни резултатот и се избори за продолжение. Во дополнителните пет минути Макаби ја презеде иницијативата и дојде до победата која го остава со теоретски шанси за пласман во плејинот.

Извонреден натпревар одигра македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој оствари дабл дабл со 15 поени и 10 асистенции. Особено корисен беше во второто полувреме во кое постигна 11 од своите 15 поени, но за жал тоа не беше доволно за победа на Баерн.