Аталанта го расплака Лацио среде Рим (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта триумфираа против Лацио со 2-0 во 25. коло од италијанската Серија А, па со тоа го скокнаа Комо на табелата во домашното првенство.

Едерсон од пенал го постигна првиот гол за Аталанта, додека вториот погодок беше ремек-дело на Залевски во 60. минута од средбата.

Аталанта е на шестата позиција во Серија А со 42 бодови, додека Лацио остана на осмото место со 33 поени.

Фото: Facebook/Atalanta