Астон вила без милост кон Борнмут, Брентфорд го изненади Њукасл (ВИДЕО)
Екипата од Бирмингем беше одлична против Борнмут, па постигна по два погодоци во двете полувремиња. Во првиот дел стрелаа Буендиа и Онана за водство од 2-0 на Астон вила, додека победата ја потврдија Баркли и Мален во вториот дел.
Њукасл добро го отвори мечот против Брентфорд и во 27. минута преку Барнс постигна погодок за водство од 1-0.
Брентфорд израмни на почетокот на вториот дел преку Шаде, а потоа се јави нов проблем за Њукасл откако Брн доби црвен картон. Во финишот од средбата Тиаго со два погодоци ја потврди победата за домаќинот од 3-1.
На останатите натпревари Кристал Палас ремизира против Брајтон (0-0), а Нотингем Форест го надигра Лидс со 3-1.
Standings provided by Sofascore
Фото: Aston Villa