Бецеки побрз од Маркез и Акоста за триумф на трката во Португалија
Акоста го искористи лошиот старт на Бецеки за да го преземе водството, но италијанскиот мотоциклист одговори жестоко во продолжение и си ја врати позицијата.
На патеката се водеше битка и меѓу Акоста и Маркез, кој успеа да го премине ривалот и да го преземе второто место на кое што заврши на крајот.
Бецеки со оваа победа освои важни бодови и се наоѓа на третата позиција со 323 бодови, односно 35 повеќе од Франческо Бањаја.
Фото: EPA