Вардар брка чудо во Германија - директен пласман во четвртфинале од Европската лига!

Ракометарите на Вардар вечерва му гостуваат на бундеслигашот Мелсунген (20.45) во последниот натпревар од главната рунда во Европската лига, дуел кој ќе реши дали „црвено-црните“ директно ќе се пласираат во четвртфиналето.

Тимот предводен од Иван Чупиќ во пресрет на оваа средба е првопласиран во групата 3 и самиот ја држи судбината во свои раце. На вардарци им одговара победа или реми во Германија за да го прескокне плејофот и директно да се најде меѓу осумте најдобри екипи во натпреварувањето.

Вардар на првиот натпревар одигран во Скопје славеше со 37-33, но вечерашниот дуел носи многу поголем влог, бидејќи и двете екипи играат за директен пласман во четвртфиналето на Европската лига.

МОЖНИ СЦЕНАРИЈА

- Вардар директно оди во четвртфинале ако победи или ремизира против Мелсунген.

- Мелсунген ќе се пласира во четвртфиналето ако победи против Вардар.

- Бенфика ќе се пласира во плејофот ако победи или одигра нерешено против Кристијанштад.

- Кристијанштад ќе се пласира во плејофот ако победи против Бенфика.