
„АС“ најави: Роналдо може да замине од Реал, но има еден услов!
Реал сака да заработи многу пари од трансферот, а ќе прифати понуда за која сметаат дека е добра и која ќе им ја достави Роналдо во соработка со потенцијалниот клуб.
„АС“ пренесува дека потенцијални дестинации за Роналдо се ПСЖ, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, но вистинското прашање е колку пари може да оделат за него.
Засега, наводно, предност има Јунајтед, а неговата мајка Марија Долорес дос Сантос го поддржала неговото враќање на „Олд Трафорд“.