Артета не го дава капитенот: Обамејанг го продолжи договорот со Арсенал

Напаѓачот од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг реши да го продолжи договорот со Арсенал. Еден од најдобрите фудбалери на лондонскиот клуб беше голема желба на многу клубови, но тој стави точка на сите шпекулации.

Обамејанг потпиша нов тригодишен договор со Арсенал, па без дилема навивачите на лондонскиот тим ќе бидат пресреќни поради овој потег.

„Им благодарам на навивачите, соиграчите и семејството затоа што се чувствувам како да припаѓам тука. Верувам во Арсенал. Можеме да постигнеме успех. Најдоброто доаѓа за Арсенал“, кажа Обамејанг.