„Артемио Франки“ ќе биде уметничко дело во чест на Давиде Астори

Навивачите на Фиорентина за утрешниот натпревар против Беневенто подготвуваат фантастична кореографија за својот прерано починат капитен Давиде Астори. 

Засега работите се чуваат во тајност, но едено се знае, а тоа е дека стадинот на „виолетовите“ ќе биде вистинско уметничко дело. Планирана е голема кореографија на сите трибини. Како и на другите натпревари, така и на овој помеѓу Фиорентина и Беневенто нема да има минута молчење туку ќе биде пуштена омилената песна на Астори.

22 дечиња ќе излезат на теренот заедно со фудбалерите на двете екипи и ќе имаат балони во рацете, кои подоцна ќе бидат пуштени во воздух заедно со илјадници виолетови балони од трибините во чест на фудбалерот.