Арсенал има рекордна понуда за една од своите ѕвезди - ќе потпишат договор до 2030!
„Скај Спортс“ пишува дека претставници на Арсенал и Сака имале состаноци во претходните недели, а раководството на клубот јасно покажало желба набрзо да биде потпишат договорот.
Целта на „топчиите“ е да потпишат договор со Сака до 2030 година, при што Англичанецот ќе добие плата од околу 14 милиони евра.
Англискиот репрезентативец оваа сезона настапи на 12 меча во сите натпреварувања и постигна четири голови за Арсенал.
Фото: Arsenal FC