Аријан Адеми на мета на руски гиганти

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се очекува летово да го напушти Динамо Загреб. Интерес за фудбалерот од средниот ред има од руската лига, поточно од два гиганти од Москва.

Руските медиуми велат дека Спартак Москва и ЦСКА Москва се заинтересирани за фудбалерот на „модрите“ и се подготвени да платат големо обештетување. Неговата актуелна цена на трансфер-пазарот е околу 5 милиони евра, но хрватскиот шампион сигурно ќе бара многу повеќе со оглед на фактот дека има валиден договор до јуни 2023 година.

Интересно е тоа што Адеми досега во кариерата никогаш не играл за клуб надвор од Хрватска и доколку направи трансфер, тоа ќе биде негово прво интернационално искуство. Досега има играно само за Шибеник, Локомотива и Динамо Загреб.

За македонската репрезентација настапи на 14 натпревари и постигна три гола.