
Антони се спаси од пеколот: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер!
Антони минатата сезона играше во дресот на Бетис и буквално се препороди, а ги освои и навивачите на шпанската екипа, кои едвај чекаа повторно да се врати во клубот од Севилја.
„Што се случи во Манчестер, само јас знам колку тешко ми беше. Тренирав сам, но тоа е дел од животот. Го оставам минатото зад мене, ќе се фокусирам на иднината“, кажа Антони.
Бразилскиот репрезентативец минатата сезона одигра вкупно 40 натпревари, а притоа постигна 10 голови и пет асистенции.
Фото: Facebook/Betis