Ангелов со гол за Широки, но по пенали едвај минаа во осминафинале во Купот на БиХ

Македонскиот интернационалец Виктор Ангелов денеска успеа да го постигне својот деби-гол за Широки Бријег против Будуќност.

Ангелов беше стрелец з водство од 1-0, но противникот успеа да израмни на 1-1, по што мораше да се изведуваат пенали, а токму екипата на македонскиот интернационалец славеше со 4-1.

Широки така обезбеди пласман во осминафиналето, кадешто пласман претходно обезбеди и Сараево, кадешто настапува македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски.