Анчелоти осуден на една година затвор, но нема да заврши зад решетки!

Селекторот на Бразил и поранешниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше осуден на една година затвор поради затајување на данок во 2014 година, додека беше ослободен за идентичен случај од 2025 година.

Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти нема да оди зад решетки затоа што, според законот во државата, казните помали од две години ќе бидат отслужени условно доколку не се повтори делото.

Според информациите, италијанскиот стратег ќе треба да плати и парична казна во износ од 386.361 евра.

Обвинителството претходно го обвини Анчелоти дека во текот на својот прв мандат на кормилото на „кралскиот клуб“ ја оштетил државната каса за 1.062.079 евра.