
Алонсо не сака да чека: Реал Мадрид го контактирал Ливерпул за една од ѕвездите!
Конате се очекуваше да се пресели кај „кралевите“ по завршување на следната сезона, но гигантот од Мадрид нема време за чекање.
Тренерот Чаби Алонсо инсистирал уште летово да биде ангажиран Конате во одбраната на тимот, па поради тоа претставници на „кралскиот тим“ имале разговори со Ливерпул.
„Л’Екип“ пишува дека двете страни се во активни преговори и наскоро ќе биде познато дали Конате би можел уште летово да се пресели во Мадрид.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.