Алегри: Ќе ме замени голем тренер во Јувентус!

Алегри помина пет години во Торино и освои многу трофеи, но ќе си замине од „Старата дама“, која бара негов наследник.

Јувентус има неколку имиња на листата со желби, а никој не може со сигурност да каже кој ќе седне на „жешкото столче“, но сепак Алегри вели дека ќе дојде голем тренер во „Старата дама“.

„Беа потребни пет години за да се изгради овој Јувентус, но тоа е тоа. Животот оди понатаму, работите се менуваат. Сега одам дома, а потоа ќе одморам покрај море. Не знам кој ќе ме замени, но знам дека Јуве ќе избере голем тренер, зашто тоа е одличен клуб“, вели Алегри.