Адеми претставен во Пекинг, „петката“ е зафатена, ќе носи 45 на дресот! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, денеска и официјално беше промовиран како едно од засилувањата на Пекинг Гуан, пред почетокот на сезоната во кинеската Супер лига.

За разлика од Динамо и од македонската репрезентација, каде што на дресот носеше број 5, сега ќе биде идентификуван со 45. „Петката“ му ја земал некогашниот бразилски репрезентативец Жозеф де Соуса, кој исто така е едно од осумте нови засилувања на Пекинг.

Адеми веќе го потпиша тригодишниот договор со четирикратниот кинески шампион, според кој ќе заработува 1,65 милиони долари по сезона. Ќе дебитира некаде на средината на април, кога треба да стартува новата сезона во Кина.