
За 150 илјади евра, Брегалница доби нови сопственици
Иако номиналната вредност на акциите била 100 евра, тие се купени по поединечна цена од 1.175 евра, а му припаѓале на досегашниот мнозински сопственик на Брегалница, Кирил Гогов којо го управуваше клубот од 2019 година. Останатите 48,8% од акциите ѝ припаѓаат на Општина Штип. Засега не е познато кој ги откупил акциите од Гогов и кој ќе го управува клубот во иднина.
Фудбалскиот клуб Брегалница постои повеќе од еден век, а минатата година ја завршил со загуба од околу 93 илјади евра, за разлика од 2023, кога била остварена добивка од 5.988 илјади денари (над 97 илјади евра). Веќе неколку сезони штипјани се натпреваруваат во Втората лига и покрај тоа што секоја година има амбиции за враќање во елитната конкуренција.