Второ засилување во нападот на Струга – дојде Јусуфи од Шкупи

Офазивецот Фатјон Јусуфи, кој летово ја раскина соработката со Шкупи после освојувањето на шампионската титула со чаирскиот прволигаш од денеска е најново засилување на Струга Трим Лум и дополнување на нападот на овој клуб кој го најправи бомбастичниот трансфер со ангажманот на најдобриот стрелец во историјата на Првата лига, Бесарт Ибраими.

Јусуфи е дете на Ренова, кој во летото 2019 година замина во Партизани од Тирана, а брзо потоа направи трансфер во азербејџански Ширак, а од 1 јули 2019 година беше дел од Шкупи, со кој ја заврши соработката летово.

Јусуфи е официјално второ летно засилување, после Ибраими, а досега клубот ја продолжуваше соработката со најголем дел од клучните играчи од минатата сезона од капитенот Бунјамин Шабани, Бесимир Бојку, Валентин Кочовски и Фламур Таири, како и со младите Андулхади Јахја и Ард Касами.

Клубот го напуштија Немања Босанчиќ и Флоријан Кадриу, како и голманот Давор Талески, кој замина во Шкендија.