Во Кавадарци ќе биде отворена книга на жалост за Андреј Лазаров

Утре од девет часот на плоштадот во Кавадарци ќе биде отворена книга на жалост за фудбалерот Андреј Лазаров, потврдија од Општинскиот фудбалски сојуз на овој град.

Лазаров во кариерата го носеше и дресот на Тиквеш, па на овој начин клубот и градот сакаат да искажат почит.

„Општинскиот фудбалски сојуз – Кавадарци, утре од 9 часот на градскиот плоштад во Кавадарци ќе постави книга на жалост во чест на прерано згаснатиот живот на НАШИОТ ХЕРОЈ – АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ  кој даде огромен придонес со своите настапи за ГФК Тиквеш и фудбалот во град Кавадарци. Да дадеме последна почит за вечно да го  паметиме Андреј“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Претходно книга на жалост за Лазаров отвори и Горица од каде што фудбалерот летово се пресели во Шкупи.