Вардар во денешниот натпревар против Воска Спорт со уште едно бледо и убедлив пораз од 1-3 ги разочара своите навивачи.

Првото полувреме од натпреварот донесе мирна игра со малку шанси, па на паузата се замина со почетниот резултат..

Првите минути од вториот дел видовме две-три прилики на фудбалерите на Вардар, меѓутоа тоа беше се од вардаровите фудбалери во овој дуел. По една грешка на Гачевски Донарт Ибраими го отвори резултатот во 53. минута и од тој момент на теренот имаше само еден тим.

Десет минути по голот на Ибраими дефанзивецот Мециновиќ кој дојде од Беса си постигна автогол во натпреварот на кој дебитираше, а во 65. минута Јахија со еден од најубавите голови во првенството зголеми на 0:3.

Вардар до крајот можеше да претрпи и поубедлив пораз бидејќи фудбалерите на Воска пропуштија уште неколку одлични прилики. Голот за утеха кој не значи ништо во конечниот резултат беше дело на Шарковски во 85. минута.

Како играше Вардар најдобро зборува и скандирањето на „Комити“ кои бараа оставки од управата (ТУКА). За Вардар ова беше трет натпревар во кој прима три гола во четири кола.

Во останатите натпревари кои се играа денес Струга со 2:0 ја совлада Брера, Силекс го изненади Шкупи со 2:1, Шкендија дома беше подобра од Пелистер со 2:0, додека средбите Беса – Работнички и Тиквеш – Гостивар завршија без погодоци.