„Перез да седеше во ВАР-собата немаше да се судат толку пенали за Реал Мадрид!“
Аналитичарите, пак, велат дека „кралевите“ се убедливо најзаштитениот клуб од судиите во Ла Лига, тврдење кое го поткрепуваат со информацијата дека за актуелниот шампион се досудени четири пенали во последните три меча од шпанската елита. Сите беа решавачки за освојување на бодови - прво за избегнување пораз од Лас Палмас, а потоа и за победи против Бетис и вечерва против Реал Сосиедад.
Токму затоа, веќе се активираат и шегите по социјалните мрежи.
„Флорентино Перез да седеше во ВАР-собата немаше да се судат толку пенали за Реал Мадрид“, е еден од интересните коментари.