Струга го распарчи Арсими, Башкими ја продолжи мизеријата на Работнички

Струга Трим Лум славеше со убедливи 4-0 против Арсими, додека Башкими успеа да го надигра Работнички со 2-1 во 13. коло од Првата лига.

Поранешниот македонски шампион Струга тргна офанзивно кон голот на гостите, па уште во осмата минута Кампаоре стрелаше за предност од 1-0, но погодокот беше поништен од ВАР-технологијата.

Радески конечно го отвори резултатот во 20. минута од средбата, откако го матира Ислами за 1-0, а на почетокот на вториот дел Буњамин Шабани зголеми на 2-0.

Шабани постигна и втор гол за предност од 3-0 на Струга, додека победата ја запечати Христијан Малески во финишот од средбата.

Првото полувреме во Куманово донесе возбудувања, но и само еден гол кога Абдулхади Јахја во 41. минута го совлада голманот на Работнички.

Емануел Аворнио зголеми на 2-0 во вториот дел, по што Работнички се обиде во завршницата да направи нешто повеќе на теренот и успеа да постигне почесен погодок преку Дитмар Хоџа.

Standings provided by Sofascore