Работнички продолжи да победува, но добро се испоти за да слави над Чаир!

Работнички со 87-84 го победи Чаир во меч со драматична завршница, ова беше четврти триумф по ред во Суперлигата за центарци.

По двата порази во воведните два кола, Работнички влезе во победничка серија откако денеска славеше и над Чаир. 

На хартија последнопласираниот Чаир беше голем аутсајдер на овој меч, но скапо ја продаде кожата.

Во првото полувреме екипите се менуваа во водство. Работнички направи исчекор во третиот период во кој поведе со највисоки 13 поени разлика, беше 63-50. Се чинеше дека победникот е решен.

Но, чаирскиот тим не престана да се бори и во текот на последниот период дојде до нерешени 74-74 и драма во финишот. Сепак домаќинот не дозволи да биде изненаден, го доби мечот со 87-84.

Хатсон со 31 поен и 13 скокови беше убедливо најдобриот кај Работнички, Ѓуроски постигна 19, во состаот на Чаир, Бајлингсли даде 25 поени.