Волците го најдоа тренерот кој треба да ги спасува во Премиер лигата!
Се работи за актуелниот тренер на Мидлсброу, Роб Едвардс кој ја прифатил понудата од Вулвс.
Тој ќе го напушти Мидлсброу и ќе стави потпис на договор со Вулвс.
Мидлсброу излезе и потврда дека Едвардс ќе замине за Вулвс. Тие одбиле една понуда за него, но откако разговарале со тренерот решиле разочарани решиле да му дозволат да замине.
Мисијата за опстанок на Вулверхемптон ќе му биде исклучително тешка со оглед на тоа што по 10 одиграни меча имаат освоено само два бода, а немаат тим кој влева надеж дека може да се направи некоја позитивна серија.
Со оглед на тоа што Мидлсброу е на второто место во Чемпионшип, може да се случи по крајот од сезоната тие да влезат во најдобрата англиска лига, а Роб Едвардс и Вулвс да испаднат во Чемпионшип.