Шкендија Арачиново гази сè пред себе, Беласица го доби дербито со Брегалница

Фудбалерите на Шкендија Арачиново продолжуваат со одличните резултати во Втората лига, па така денеска триумфираа со 2-1 против Вардар Неготино, додека дербито меѓу Беласица и Брегалница заврши со победа на струмичани од 1-0.

Вардар Неготино прв ја затресе мрежата на Шкендија Арачиново и ги шокира гостите, но скопскиот тим се созема во финишот од мечот и преку Десниќ и Трпески стигна до победа од 2-1.

Брегалница и Беласица имаа многу шанси, но на мечот во Штип беше постигнат само еден погодок, и тоа кога Капсаров во 81. минута ја затресе мрежата на домаќините.

Охрид запиша уште една победа во домашниот шампионат, откако славеше против Скопје со минимални 1-0.

Останати резултати:

Каменица Саса – Детонит Плачковица 2-2
Кожув – Осогово 0-0
Новаци – Слога Виница 4-0
Преспа – Големо Коњари 4-2
Тетекс – Победа 1-0

Standings provided by Sofascore