Работнички пак во проблеми - си замина еден од Американците

Крилниот центар Џордан Онил го напуштил Работнички, по само пет кола од новата сезона.

Од овие пет кола, тој одигра само три натпревари бидејќи во првите две кола немаше право на настап затоа што клубот не можеше да го регистрира, заедно со останатите странци во тимот. На тие три меча, против Тиквеш, Кожув и Гостивар, тимот на Работничи победи, а Американецот имаше просек од 9,7 поени и 6,3 скока. Најдобар беше против Гостивар кога за 25 минути во игра постигна 25 поени и шест скока.

Отсуството на Онил ќе предизвика проблеми под кошевите за Работничлки кој ионака кубури со високи играчи.